Основно Училиште Кочо Рацин од Прилеп

Основното училиште ,, Кочо Рацин’’ Прилеп е најстарата воспитно – образовна институција во градот. Зградата на централното училиште е изградена во 1924 година. Нејзината долгогодишна традиција има богата историја. Во градот под Марковите кули, во градот Херој и Првоборец – Прилеп, во центарот стои гордо и му пркоси на минатото, некогашната единствена гимназија во градот, а денес е централно основно училиште ,, Кочо Рацин’’.

Голем број на генерации поминале низ училишните клупи во нашето основно училиште. Растат, се описменуваат, ги совладуваат содржините од наставните подрачја. Учат да се дружат, да почитуваат, да спортуваат, да пеат, да глумат.